Три лица од Куманово, од кои еден малолетник, биле приведени вчера откако украле чанта и паричник од двајца сограѓани.
– На 24.01.2026 година во 17;00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.Д.(22), М.Б.(20) и еден малолетник сите од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека истиот ден во централно градско подрачје во Куманово одзеле чанта од В.Ц. и паричник од З.Ј..
– Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.
Никола Ивановски

