Приведени три лица кои со прашкаста материја се шетале на кумановскиот плоштад

Сподели со своите пријатели

Три лица викендов биле уапсени на кумановскиот плоштад, откако кај нив полицијата пронашла бела прашкаста материја.

Loading...

– На 05.06.2021 во 19.30 часот на Плоштад „Маршал Тито“ во Куманово, полициски службеници од СРВ Куманово ги лишиле од слобода А.А.(32) од Велес, С.Ј.(28) од Скопје и Т.И.(56) од Куманово затоа што при преглед кај нив била пронајдена бела прашкаста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply