Приведени тинејџери од Куманово, нападнале 18-годишник

Сподели со своите пријатели

Три полнолетни лица биле, а четири малолетни повикани на разговор во полиција, под сомнение дека во парот Соколана во Куманово нападнале 18-годишник.

Loading...

– Денеска (20.11.2024) во 10.15 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода А.П.(18), Д.Г.(18) и Ј.Б.(20), сите од Куманово, додека на службен разговор биле повикани уште четири малолетници од Куманово затоа што во парк „Соколана“ во Куманово физички го нападнале Ф.Д.(18) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Доаѓа првиот снег!