Двајца деветнаесетгодишници од Куманово биле приведени ноќва во Куманово под сомнение дека оштетиле паркирано возило.
– На 25.11.2025 година во 01:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода К.П. (19) и С.Л.(19) од Куманово, затоа што на булевар „Октомвриска Револуција“ во Куманово со остар предмет оштетиле паркирано патничко моторно возило, сопственост на С.З. (28) од село Долно Којнаре, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски

