Пет малолетници биле приведени вчеравечер под сомнение дека физички нападнале друга група малолетници во Куманово.
– На 05.12.2024 во 21.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода пет малолетници од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека на 02.12.2024 на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово физички нападнале неколку други малолетници.
– По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во соопштението.
Станува збор за случајот кога група лица со фантомнки нападнаа ученици кои чекале превоз кон дома, случај во кој еден ученик се здобил со повреди.
Никола Ивановски