Две момчиња до село Липково биле приведени под сомнение дека со тврд предмет нападнале мештанин на селото Оризаре.
Loading...
– На 01.11.2023 во 16.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.А.(18) и Б.И.(19), двајцата од село Липково, затоа што на 31.10.2023 во село Оризаре, липковско, со тврд предмет го нападнале Е.Ј.(26) од Оризаре, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски