Две лица од селата Отља и Липково биле приведени вчера откако полицијата во нивните домови пронашла марихуана, дигитални ваги и дробилка.
Loading...
– На 22.01.2025 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.К.(43) од село Отља, општина Липково и Р.И.(34) од село Липково, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, била пронајдена марихуана, дигитални ваги и дробилка.
– Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.
Никола Ивановски