Две лица биле приведени во Куманово вчеравечер, едно поради обид за напад со тврд предмет, а друго поради оштетување на возило.
– На 02.09.2025 во 23.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.К.(46) од Куманово затоа што се обидел со тврд предмет да го нападне Б.К.(32) во неговиот дом во Куманово. Исто така, од слобода бил лишен и Б.К.(32) затоа што со тврд предмет оштетил патничко моторно возило „голф“ кое било паркирано на улицата, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Двајцата, како што додаваат од полицијата, биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Loading...
Никола Ивановски