Две момчиња биле приведени вчера во липковско, откако полицијата им пронашла 450 фалсификувани евра.
Loading...
– На 03.07.2023 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово во село Отља, липковско, ги лишиле од слобода О.О.(19) и О.М.(21) од Сингелиќ, скопско, осомничени за фалсификување пари, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола кај нив биле пронајдени 450 фалсификувани евра.
Двете лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски