Приведени две лица во Куманово кои возеле пијани

Сподели со своите пријатели

Две лица изминатата ноќ привела кумановската полиција откако утврдила дека возеле под дејство на алкохол.

Во првиот случај приведен бил 27-годишник од Куманово со нешто над два промили алкохол во крвта.

– На 24.10.2025 во 22:38 часот на регионалниот пат Куманово- Свети Николе, кај црква Св.Мина, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.П.(27) од Куманово. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и при преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,02 промили алкохол во крвта, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово со пораз од Охрид

Со 1,64 промили, ноќва бил приведен и 40-годишен возач од пробиштипско Злетово.

– На 25.10.2025 во 01:43 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.М.(40) од с.Злетово, пробиштипско.  При контрола во сообраќајот, полициски службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,64  промили алкохол во организмот, велат од СВР Куманово.

За двајцата возачи од полицијата најавуваат кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило”.

Никола Ивановски