Две лица од липковското село Ваксинце вчера биле приведени под сомнение дека нападнале и се заканувале на трето лице во Куманово.
Loading...
– На 10.05.2022 година во 16.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.М.(24) и В.И.(21), двајцата од село Ваксинце, општина Липково, затоа што претходно на улица „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово физички го нападнале И.Ш.(35) и му се заканиле со остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски