Две лица од липковското село Слупчане биле приведени викендов откако во населбата Бедиње физички нападнале мештанин на селото Опае.
Loading...
– На 03.08.2024 во 22.50 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.С.(32) и Ш.С.(29) двајцата од село Слупчане, општина Липково, по претходна пријава дека околу 20.00 часот во населбата Бедиње во Куманово, заедно со уште неколку други лица, физички го нападнале И.И.(36) од село Опае, кумановско, а бил употребен и тврд предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски