Приведени две лица осомничени дека нападнале и ограбиле кумановец

Loading...
Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово и Битола биле приведени вчеравечер осомничени дека завчера нападнале и ограбиле 68-годишен кумановец.

– На 11.06.2025 во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.О.(36) од Куманово и М.Ј.(33) од Битола. Тие се сомничат дека на 10.06.2025 физички го нападнале З.А.(68) во близина на неговиот дом и му одзеле пари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се гради фекална канализација во индустриска зона Новини и Речица (ФОТО)