Приведени двајца возачи во Куманово. Возеле со над 1,8 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Две лица биле приведени во Куманово изминатото деноноќие оти возеле под дејство на над 1,8 промили алкохол.

Во првиот случај бил приведен 23-годишник од Скопје, кај кого полицијата измерила 1,84 промили алкохол.

– На 08.12.2025 во 01:46 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.С.(23) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84  промили алкохол во крвта, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово утре го пречекува РК Пролет

Во вториот случај, на истата локација, бил приведен 26-годишник од Куманово оти возел со 1,81 промили алкохол.

– На 09.12.2025 во 03:20 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(26) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81  промили алкохол во крвта, информираат од кумановската полиција.

Како што стои во соопштението, по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан во угостителски објект во Гарнизон

Никола Ивановски