Приведени двајца кумановци. Под закана ограбиле продажен објект!

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени утринава под сомнение дека под закана кон вработена во продажен објект украле пари.

Loading...

– На 31.01.2025 во 08.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.З.(34) и В.М.(40) од Куманово. Тие се сомничат дека претходно во продажен објект на улица „11 Октомври“ во Куманово со закана со остар предмет кон вработената одзеле пари од дневниот промет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Опасна шема на измама во Куманово – мета повозрасните граѓани

Никола Ивановски