Две лица од Куманово биле приведени изминатото деноноќие откако полицијата констатирала дека возеле со по над два промили алкохол.
Во првиот случај во населбата Карпош бил приведен 58-годишник кој возел со 2,05 промили.
– На 07.04.2026 во 20:03 часот на ул„100“ во населба Карпош во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ч.С.(58) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно имал 2,05 промили алкохол во крвта.
Во вториот случај приведен бил 44-годишен кумановец во населбата Перо Чичо со 2,19 промили алкохол во крвта.
– На 08.04.2026 во 01:40 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Р.(44) од Куманово, велат од кумановската полиција.
Како што појаснуваат од СВР Куманово, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,19 промили алкохол во крвта и не поседува возачка дозвола, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
– По целосно документирање на настаните, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски

