Приведени двајца кумановци, кај нив пронајдени наркотици

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени ноќва откако полицијата кај нив пронашла материи за кои постои сомнение дека се наркотични.

– На 06.04.2026 во 01:40 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.А. (38), од Куманово  Џ.Џ. (44) од село Лопате и А.Н. (33) од Куманово, затоа што при преглед кај нив била пронајдена грутчеста и прашкаста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата