Приведени двајца кумановци, едниот возел мотор, другиот автомобил без дозвола

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци биле приведени вчера откако полицијата утврдила дека едниот возел мотор, а другиот автомобил, без да поседуваат возачка дозвола.

Во првиот случај во населбата Карпош бил приведен триесет и седумгодишник кој возел мотор без дозвола.

– На 27.04.2026 во 09:20 часот на улицата „100“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш.(37) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, кој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува без возачка дозвола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делегација од Чепеларе во дводневна посета на Куманово (ФОТО)

Во вториот случај во населбата Перо Чичо, полицијат апривела 33-годишник кој возел „форд“ без дозвола.

– На 27.04.2026 во 10:10 часот на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.М.(33) од Куманово, велат од кумановската полиција.

Како што се додава, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува без возачка дозвола.

– По целосно документирање на настаните, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со нож избоден 57-годишник од Бајловце

Никола Ивановски