Приведени двајца крадци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица биле приведени вчера и ноќва во Куманово под сомнение дека сториле две одделни кражби, информира полицијата.

– На 09.01.2026 во 01:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(30) од село Романовце, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој е затекнат во куќа во село Романовце, сопственост на Х.Ш., при обид да одземе предмети.

Во вториот случај приведен бил 32-годишник под сомнение дека украл предмети од деловен прсотор во центарот на градот.

– На 08.01.2026 во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода У.З. (32) од Куманово, велат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: На Табакана ќе изградиме паркинг, а не нова зграда (ВИДЕО)

Како што стои во соопштението, тој се сомничи дека на 01.01.2026 со употреба на сила влегол во деловен простор на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово и одзел предмети.

– Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави, додаваат од полицијата.

Никола Ивановски