Приведени двајца цариници од Куманово

Сподели со своите пријатели

Двајца царински службеници од Граничниот премин Табановце се лишени од слобода поради примање поткуп и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија.

Loading...

-Секторот за професионална одговороност – Одделение за внатрешни истраги при Царинска управа на РСМ, во соработка со СВР Куманово, Одделение за Криминалистичка полиција, Отсек за Економски криминалитет, постапи по пријавено кривично дело по чл.357 од Кривичниот законик на РСМ “Примање поткуп” од страна на царински службеници на граничниот премин Табановце. 

Имено, на 28.07.2019 во 03:00 часот примена е дојава од оштетено лице за давање на поткуп на царински службеници на  ГП Табановце при влез во Република Северна Македонија, по што, од страна на Отсекот за економски криминалитет веднаш е постапено и при личен претрес на царинските службеници З.Ј. од с.Отља и Т.М. од Куманово, и при претрес на службените простории на Царинската управа на ГП Табановце пронајдени се 1670 евра и 190 швајцарски франци, информираат од Кабинетот на генералниот директор на Царинската управа.

Leave a Reply