Приведени четворица кумановци по тепачка на бензинска пумпа

Сподели со своите пријатели

Четворица кумановски викендов биле приведени откако претходно физички се пресметувале на бензинска пумпа.

– На 20.02.2022 околу 02.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(21) од с.Љубодраг, С.М.(36), Д.Л.(28) и С.Т.(25), сите од с.Љубодраг, кумановско, затоа што на бензинска пумпа во близина на Железничката станица во Куманово го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Никола Ивановски