Четири лица од Куманово биле лишени од слобода под сомнение дека краделе предмети од паркирани возила.
Loading...
– На 05.10.2023 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Р.(20), М.И.(31), Р.Р.(27) и Д.Р.(31), сите од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека на 02.10.2023 на улица „Никшиќка“ во Куманово одзеле повеќе предмети од неколку паркирани возила.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Никола Ивановски