Приведена млада кумановка поради кражба

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишна кумановка вчера била приведена под сомнение дека украла пари од куќа во Куманово.

– На 03.03.2022 во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(23) од Куманово. Таа се сомничи дека околу 20.30 часот влегла во куќа на улица „21“ во Куманово и одзела пари, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски