Приведена кумановка поради кражба од продажен објект

Сподели со своите пријатели

Четириест и двегодишна кумановка е приведена под сомнение дека извршила кражба од продажен објект во Куманово.

Loading...

– На 17.08.2023 во 15.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Е.П.(42) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата таа се сомничи дека во продажен објект на улицата „425“ во Куманово одзела пари.

Е.П. била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој физички ја нападнал сопругата