Педесет и четиригодишна жена од Крива Паланка вчера била приведена во Куманово поради питачење.
– На 10.04.2026 во 09:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја приведоа Б.М.(54) од Крива Паланка затоа што на улица „Димитар Влахов“ во Куманово била затекната при питачење, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, Б.М. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

