Дваесет и четиригодишна кумановка вчера била приведена поради кражба од приватен имот, а украденото било вратено на сопственикот.
Loading...
– На 16.10.2022 година во 16.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово. Таа се сомничи дека малку пред тоа извршила кражба во приватен имот на улицата „Стево Филиповиќ“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
– По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски