Приведен жител на Липково, полицијата му пронашла пиштол

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен жител на Липково вчера бил приведен откако полицијата му пронашла пиштол.

– На 17.02.2022 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.И. (34) од село Опае, општина Липково, затоа што кај него бил пронајден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,62мм со една празна рамка, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски