Приведен жител на Крива Паланка баран за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишник од Крива Паланка вчера бил приведен откако за него била распишана потерница за издржување затворска казна од четири години и три месеци.

– На 03.03.2022 во 12.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Б.(27) од Крива Паланка. Тој бил осуден на затворска казна од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 1 од Кривичниот законик и бил баран со потерница од Основен суд Кумано за доиздржување на казна затвор во траење од четири години и три месеци, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Р.Б. бил спроведен во Казнено – поправна установа Затвор „Идризово“ за доиздржување на казната.

Никола Ивановски