Четириесет и шестгодишник од Челопек вчеравечер бил приведен на магистралата Куманово – Крива Паланка, оти возел со 2,60 промили алкохол.
– На 25.02.2026 во 23:10 часот на магистрален пат Куманово – Крива Паланка, во село Војник, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П.(46) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што доваат од полицијата, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,60 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

