Приведен осомничен за кражбата на мобилни телефони од продавница во Куманово

Loading...
Сподели со своите пријатели

Триесе и осумгодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека украл мобилни телефони од продавница во Куманово.

– На 26.06.2025 во 15.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ф.(38) од Куманово, поради сомнение дека на 26.06.2025 од продажен салон во Куманово одзел мобилни телефони, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Одземеното, како што додаваат од полицијата, било пронајдено и вратено на сопственикот.

– М.Ф. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Градинката „Ангел Шајче“ во Куманово со зголемен интерес и нови уписи

Никола Ивановски