Дваесет и тригодишник од Скопје вчеравечер бил приведен на кошаркарскиот натпревар Куманово – МЗТ оти со монета погодил малолетно дете.
– На 21.02.2026 година во 19:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Б.(23) од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, тој на кошаркарски натпревар во спортска сала во Куманово погодил малолетно дете со метална монета при што му нанел повреди.
– Б.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

