Приведен навивач од Битола на вчерашниот меч Куманово – Пелистер

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишник од Битола, вчеравечер бил приведен на спортскиот натпревар Куманово – Пелистер откако се обидел да нападнле лице во публиката.

– На 13.02.2026 во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Д.(20) од Битола затоа што на кошаркарски натпревар во спортската сала Куманово прескокнал ограда и се обидел да нападнал лице од публиката, но бил спречен, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  19-годишник од Липково остана без мотор, направил сообраќајка, а немал положено