Израелскиот државјанин Моше Харел, обвинет е дека е вмешан во скандалот со трговија со човечки органи на Косово пред 10 години, а сега е приведен на Кипар.
Харл бил приведен во 2008 година во Приштина, но избегал од Косово откако бил пуште од притвор. Косовските власти потоа издале меѓународна потерница за негово приведување.
Харел во 2012 година бил приведен во Израел во врска со паралелно водена истрага, но не бил екстрадиран во Приштина бидејќи Израел со Косово нема дипломатски односи.
Тој е еден од главните осомничени за трговијата со органи и нелегални трансплантации во клиниката Медикус во 2008 во Приштина.
Според обвинението, во приштинската клиника во 2008 година биле извршени 30 нелагални вадења и пресадувања на бубрези. Донатори биле сиромашни источноевропски и централноасзиски земји, на кои има биле ветувани 15.000 евра.
Во обвинението израелскиот државјанин Харел се наведува како „мозокот“ на мрежата која пронаоѓала донатори и приматели на органите.
Приштинските власти сега бараат екстрадиција на Харел за да му се суди, јавува Ројтерс повикувајќи се на косовската полиција.
Се наведува дека Русија, исто така истала меѓународна потерница за приведување на Харел.
На поранешниот сопственик на „Медикус“ клиниката, Лифти Дервиши, неговиот Син Арбан Дервиши и главниот анестезиолог Сокол Хајдани ќе им биде повторено судењето поради обвинение дека учествувале во криминалистичка организација во врска со трговија со органи, по што косовскиот Виши суд ги отфрлил ниевните првобитни пресуди.
Жалбата на судот иницијално ја поддржала пресудата на бранителите во март 2016 година, со која Лути Дервиши и неговиот син се осудени на осум години затвор, а Хајдини на пет.
Според тогашната пресуда, повеќе нелегални трансплантации на бубрези се случиле во клиниката во текот на 2008 година.
Но, по жалбената пресуда, Вишиот суд на Косово наложил повторно судење врз основа на нерегуларности во постапката. Поицијата направила рација на клиниката „Медикус“ во 2008 година, по што еден Турчин, чиј бубрег бил изваден, бил пронајден на приштинскиот аеродром со сериозно нарушено здравје.
Наведената клиника се споменува и во извештајот на Европската комисија, која наведува дека припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) тргувале со органи од притвореници Срби за време на бомбардирањето во 1999 година.
Обвинителите ја затвориле клиниката во 2008 година, а од тогаш таа го променил сопственикот.