Триесет и едногодишен кумановец бил приведен рано утринава бидејќи управувал возило под дејство на алкохол.
– На 15.07.2025 во 04.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(31) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „опел“, кое го управувал Ф.А., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.57 промили алкохол во крвта.
– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски