Четириест и петгодишен кумановец бил приведен откако полицијата го затекнала при кражба, а го сомничи дека извршил уште две други.
Loading...
– На 10.07.2025 во 05.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.З. (45) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, а исто така се сомничи дека извршил и уште две кражби од приватни имоти.
– А.З. бил приведен во полициска станица, каде ги признал делата и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски