Приведен кумановец за издржување шестмесечна затворска казна

Сподели со своите пријатели

Четириест и шестгодишен кумановец бил приведен за издржување затворска казна поради кражба на електрична енергија.

Loading...

– На 11.09.2024 во 03.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле И.Љ.(46) од село Черкези, кумановско, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

И.Љ. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири возила се судрија на патот Куманово – Крива Паланка, седумина повредени

Никола Ивановски