Приведен кумановец за издржување казна затвор

Сподели со своите пријатели

Кумановец баран за издржување казна затвор од четири години денеска околу 11 часот бил приведен и спроведен во Идризово.

Loading...

– Денеска (20.10.2020) во 11.00 часот полициски службеници од СВР Kуманово го привеле И.Р. (28) од с.Романовце, Куманово, кој се барал со наредба од Основен суд Куманово за издржување казна затвор во траење од четири години за извршено кривично дело по чл.236 од КЗ на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето е спроведено во КПД Идризово.

Никола Ивановски

Leave a Reply