Приведен кумановец, управувал возило со украдени таблички

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишен кумановец бил приведен вчера во гевгелиско под сомнение дека возел автомобил со украдени таблички.

Loading...

– На 19.09.2023 во 14.30 часот во реонот на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Љ.М.(47) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патничко возило „крајслер“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека регистарските таблички се од друго патничко возило, сопственост на лице од Скопје, а кои биле пријавени за украдени во Полициската станица Драчево.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гости се тепале на свадба во Куманово

Возилото било одземено и за настанот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.

Никола Ивановски