Кумановец бил приведен вчера под сомнение дека украл мобилен телефон на сограѓанин.
Loading...
– На 05.11.2023 во 16.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р. од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, тој се сомничи дека на 08.10.2023 на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово одзел мобилен телефон од В.Ј. од Куманово.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски