Педесетгодишен кумановец бил приведен завчера откако полиција му пронашла разновидни пирхотехнички средства.
Loading...
– Вчера (31.12.2023) полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.И.(50) од Куманово, затоа што при преглед кај него биле пронајдени повеќе разновидни пиротехнички средства, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, Б.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски