Приведен кумановец со оружје, со него било 14-годишното девојче пријавено за исчезнато

Сподели со своите пријатели

Четиринаесетгодишното девојче од Куманово кое вчера беше пријавено за исчезнато е пронајдено во придружба на вооружен 19-годишник.

Loading...

– На 11.08.2025 во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(19) од Куманово. При преглед кај него било пронајдено огнено оружје и со него била затекната 14-годишна девојка за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ќе одговара за разбојништво, украл паричник

Никола Ивановски