Триесет и едногодишен кумановец бил приведен вчера попладне во Скопје, откако полицијата во автомобилот му пронашла над пет килограми марихуана.
– На 23.01.2026 година околу 14:00 часот на бул.”Јадранска магистрала” во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е сопрено патничко возило “пасат” со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(31) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, при преглед на возилото во багажниот простор пронајдени и одземени се повеќе од пет килограми на марихуана.
– Д.Б. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 215 од Кривичниот законик, стои во соопштението.
Никола Ивановски

