Приведен кумановец со марихуана и семки од канабис

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец ноќва бил приведен, откако полицијата кај него пронашла марихуана и семки од канабис.

Loading...

– На 19.08.2021 година во 01.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Р.(29) од Куманово затоа што кај него билe пронајдени марихуана и семки од растението „канабис сатива“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски