Дваесет и тригодишен кумановец бил приведен во Скопје викендов откако полицијата кај него пронашла кафеава грутчеста материја.
Loading...
– На 19.10.2024 година во 12.20 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.К.(23) од Куманово, со престој во Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa кафеава грутчеста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски