Поради упатување закани преку социјални мрежи, полицијата ноќва привела триесет и седумгодишен кумановец.
– На 09.09.2025 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Д.З.(37) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на социјални мрежи се заканувал на Д.К.(44) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски