Приведен кумановец поради извршени две кражби

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец е приведен под сомнение дека извршил две кражби.

Loading...

– На 06.04.2022 година во 15.55 часот , полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р. (26) од Куманово. Тој се сомничи дека извршил кражба во склад за огревни дрва на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и во деловен објект на улицата „Иво Лола Рибар“, од каде одзел повеќе предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски