Четириест и четиригодишен кумановец бил приведен вчеравечер поради агресивно однесување кон полициски службеници.
Loading...
– На 21.11.2023 околу 22.00 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.С.(44) од Куманово затоа што на улица „Октомвриска револуција“ во Куманово агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски