Приведен кумановец осомничен за лихварство

Сподели со своите пријатели

Четириест и едногодишник од Куманово осомничен за лихварство и изнуда, бил приведен вчера од страна на полицијата.

Loading...

– На 11.03.2025 во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.П.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 и „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе договори за купопродажба, договори за  подарок, уплатници и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичните дела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 26-годишен крадец од Куманово

– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на МВР: