Педесет и едногодишен кумановец бил приведен вчера поради возење во спротивна коловозна лента на булеварот „Октомвриска револуција“.
– На 10.04.2026 во 04:10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода О.Д.(51) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при сообраќајна контрола на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници забележале мопед со кумановски регистарски ознаки кој се движел по коловоз во спротивна насока.
– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот, како што додаваат од кумановската полиција, против О.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

