Триесет и седумгодишник од Куманово бил приведен откако полициајта констатирала дека возел под дејство на 2,70 промили алкохол.
– На 27.03.2026 во 16:10 часот на улица „Доне Божинов” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода С.А.(37) од село Режановце, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувала и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно и биле измерени 2,70 промили алкохол во крвта.
– По целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението на полицијата.
Никола Ивановски

